
Пред Пеп Гвардиола и Манчестер Сити се наоѓа тежок предизвик, бидејќи мора да продадат пет фудбалери за да ги исполнат правилата, пред сè на УЕФА во Лигата на шампионите.
По неуспешната сезона без освоени трофеи, Манчестер Сити беше многу активен и купи многу играчи.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Новиот спортски директор Уго Виана ги донесе Рајан Черки, Рајан Аит-Нури, Тијани Рејндерс, Сверае Нијпана и чуварите на мрежата Џејмс Трафорд и Маркус Бетинели.
Играчите како Кајл Вокер, Кевин Де Брујне и Скот Карсон го напуштија клубот, а младите Јан Куто и Максима Пероне се на позајмица.
И покрај тоа, Манчестер Сити сè уште има 30 фудбалери во првиот тим и како што тврди Сајмон Малок од Мирор, тие мораат брзо да реагираат и да направат пет излезни трансфери за да ги исполнат правилата на УЕФА.
Клубовите не смеат да имаат повеќе од 25 играчи на А листата за Лигата на шампионите, и јасно е дека треба да продадат некои играчи ова лето, поточно до 1 септември.
Џек Грилиш, Џејмс МакАти, Калвин Филипс и Стефан Ортега се играчите кои се достапни за понуди.
Евертон се обидува да го заврши трансферот за позајбика на Грилиш, а МакАти може да оди во Нотингем Форест или Ајнтрахт Франкфурт.
Фото: Принтскрин