Дома Фудбал Челзи веќе се договори со Гарначо, чекаат продажби за да испратат официјална понуда

Челзи веќе се договори со Гарначо, чекаат продажби за да испратат официјална понуда

Управата на Челзи има потреба да направи неколку продажби за да испрати официјална понуда до Манчестер Јунајтед за Алехандро Гарначо, објавува италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

“Сините” се надеваат дека ќе се разделат со уште неколку фудбалери како Кристофер Нкунку, Николас Џексон, Карни Чуквуемека и Рахим Стерлинг. За сериозниот интерес на Лондонците кон аргентинското крило се зборува уште од јануари, но сега ситуацијата изгледа во понапреднета фаза.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Романо дополнува дека од “Стенфорд Бриџ” дури се договориле со фудбалерот за неговите лични услови, па останува само да постигнат договор со “Црвените ѓаволи”.

Локалните медиуми тврдат дека од “Олд Трафорд” поставиле цена од 50 милиони фунти за Гарначо, но многу е веројатно дека таа ќе биде намалена со приближувањето на крајот од трансфер периодот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити може да ја искористи ситуацијата на Донарума во ПСЖ

Од Манчестер Сити веќе воспоставиле контакт со Пари Сен Жермен за можноста за привлекување…