
Фудбалерите на Ливерпул утре ќе играат против Кристал Палас на “Вембли” во рамките на Комјунити шилд.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Секогаш интересен фудбалски настан каде што победникот од Премиер лигата се среќава со освојувачот на ФА купот. На овој меч, може да се случи и неформални преговори за Марк Гуеи, дефанзивецот кој е цел на Ливерпул.
Челси се откажа од трката, па Ливерпул има јасен пат до ангажман на англискиот репрезентативец. Арне Слот го разгледа како потенцијално засилување за одбраната, а Гуеи е расположен за премин на „Енфилд“ бидејќи му завршува договорот оваа сезона.
Се предвидува дека меѓу 30 и 40 милиони фунти би било доволно да се убеди Кристал Палас за трансферот.
Ова лето, Ливерпул веќе ги ангажираше: Флоријан Вирц, Џереми Фримпонг, Милош Керкез, Уго Екитике, Армин Печи, а во тимот се врати и Џорџи Мамардашвили по позајмицата во Валенсија.
Фото: Принтскрин