Дома Фудбал Рабио ја отвори душата: Не разбирам како на 19 години заминуваат во Саудиска Арабија?

Рабио ја отвори душата: Не разбирам како на 19 години заминуваат во Саудиска Арабија?

Францускиот играч од средниот ред Адријен Рабио одби неколку понуди од големи клубови ова лето, изјави за „Прованс“.

Одличниот фудбалер минатиот септември потпиша за Олимпик Марсеј и беше еден од најважните играчи на тимот на Роберто Де Зерби, кој секогаш на крајот завршуваше како вицешампион на Франција.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Во големо интервју зборуваше и за трендот на заминување на играчите во Саудиска Арабија.

„Кога гледам дека играчи на 19 години потпишуваат за клубови од Саудиска Арабија… За мене е тоа незамисливо. Тоа не е нешто што би го направил на таа возраст, но секој има свој пат. Не сакам да судам, не ги мотивираат сите исти работи. За мене, сакам да играм на најпрестижните европски натпреварувања и да ја почувствувам емоцијата како онаа на ‘Велодромот’“, изјави Рабио меѓу другото за „Прованс“.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рудигер на интересен начин го “боцна” најголемиот ривал – Барселона

Нема потреба да се зборува за ривалството меѓу Реал Мадрид и Барселона, бидејќи сите знаат…