Дома Фудбал Шпанците тврдат: Перез има иста понуда за Модриќ и Васкез

Шпанците тврдат: Перез има иста понуда за Модриќ и Васкез

Иако Реал Мадрид понекогаш добива критики за начинот на кој се збогува со своите легенди, клубот често покажува грижа за своите фудбалери на други начини. Вистина е дека односот помеѓу клубот и играчите не секогаш завршува најдобро, но тоа се случува при секое разделување, а понекогаш играчите тешко прифаќаат дека нивното време во белиот дрес завршило, пишува Defensa Central.

Тоа не беше случајот со Лукас Васкез (34), кој го заврши своето поглавје во Реал Мадрид. Со обновувањето на договорот на Дани Карвахал (33) и доведувањето на Трент Александер-Арнолд (26), клубот му порача дека на него повеќе не смета за следната сезона бидејќи неговата улога би била секундарна. Лукас го прифати ова од самиот почеток.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Слично како што направи со Лука Модриќ (39) и минатата година со Тони Крос (35), претседателот Флорентино Перез му понуди на Лукас Васкез да се врати во Мадрид кога ќе ја заврши играчката кариера. Му беше понудена улога на тренер во младинската школа, амбасадор на клубот, асистент или некоја друга функција.

Вратите на Мадрид остануваат отворени за него, што на играчот му се допаѓа, бидејќи во главниот град има куќа, неговото семејство се населило таму, а животот во Мадрид е дел од неговите долгорочни планови.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ за Милан, Бобан и мистиката на бројот 14

Лука Модриќ, најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид, премина во Милан, а доде…