Дома Фудбал Проблеми за Тотенхем: Повреда на Медисон бара операција на коленото

Проблеми за Тотенхем: Повреда на Медисон бара операција на коленото

Играчот на Тотенхем, Џејмс Медисон, ќе мора да се оперира откако пукна неговиот преден вкрстен лигамент на десното колено, објави лондонскиот клуб.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


– Медисон ќе помине низ операција во наредните денови, по што ќе започне со рехабилитација под надзор на нашиот медицински тим – се вели во изјавата на Тотенхем.

Повредата се случи минатата недела за време на пријателскиот натпревар против Њукасл во Сеул, кој заврши нерешено 1:1.

Британските медиуми известуваат дека Медисон ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната поради опоравокот кој следува.

28-годишниот Медисон дојде во Тотенхем во 2023 година од Лестер. Во минатата сезона за лондонскиот клуб одигра 45 натпревари, при што постигна 12 голови.

Тимот на Тотенхем ќе го одигра својот прв натпревар од Премиер лигата против Барнли на 16 август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тепачката во Реал ја запачати судбината на Арбелоа, Перез бил шокиран од неговото однесување!

Инцидентот меѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени на вчерашниот тренинг на Реал Мадрид и…