
Една од најкоментираните трансфер-саги во летниот преоден рок доби своја завршница – Бенџамин Шешко ќе го носи дресот на Манчестер јунајтед.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Англискиот гигант го договори трансферот со РБ Лајпциг, а за услугите на 21-годишниот словенечки напаѓач ќе плати 76,5 милиони евра, плус дополнителни 8,5 милиони преку бонуси.
Шешко ќе потпише долгорочен договор со „црвените ѓаволи“ до 2030 година, со што станува едно од најскапите засилувања во поновата историја на клубот.
Иако Њукасл се обиде во последен момент да го пренасочи трансферот, желбата на играчот да заигра на „Олд Трафорд“ била пресудна. Претходно ова лето, и Арсенал беше споменуван како можен клуб за младиот голгетер, но „топџиите“ на крајот се решија за друг правец и го донесоа Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон.
Со овој трансфер, Манчестер јунајтед добива млад и перспективен напаѓач кој се очекува да внесе нова енергија и голгетерски инстинкт во тимот на Ерик тен Хаг.