Дома Фудбал Дарко Чурлинов пред трансфер во нов клуб!

Дарко Чурлинов пред трансфер во нов клуб!

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е на прагот на нов трансфер, а извесно е дека летово ќе ја напушти англиската екипа Барнли. Иако има уште една година од договорот, офанзивецот нема да биде дел од плановите на тренерот за следната сезона, па активно се разгледуваат опции за продолжување на кариерата.

Полската Јагелонија, каде Чурлинов настапуваше како позајмен играч во изминатата сезона, веќе воспостави контакт за можно продолжение на соработката, што неодамна го потврди и претседателот на клубот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сепак, нова дестинација за македонскиот фудбалер може да биде Турција. Според пишувањата на тамошните медиуми, тимот на Ризеспор сериозно е заинтересиран за неговите услуги и веќе се водат преговори за трансфер. Чурлинов бара клуб каде ќе има континуитет и поголема минутажа, а токму тоа е мотивот за неговата разделба со Барнли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ламин Јамал и Деклан Рајс се меѓу номинираните за наградата „Пушкаш“

ФИФА номинираше 11 гола што ќе се натпреваруваат за наградата „Пушкаш“, која традиционално…