Дома Фудбал ВАР и пресуди на Шкендија: Карабах обезбеди минимална предност за реваншот (Видео)

ВАР и пресуди на Шкендија: Карабах обезбеди минимална предност за реваншот (Видео)

Шкендија со минимален пораз од 0-1 го заврши првиот дуел против Карабах на националната арена „Тодор Проески“, во рамките од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако резултатот не им одеше во прилог, тетовци покажаа цврст отпор и не му дозволија на противникот целосно да наметне своја игра. Сепак, една ситуација во првото полувреме беше доволна Карабах да замине со предност.

Во 18. минута, по сигнал од ВАР собата, судијата покажа на белата точка, а Бајрамов сигурно реализираше за водство на гостите.

До крајот на првиот дел, а и во второто полувреме, мечот продолжи во слично темпо, без многу отворени шанси и со игра претежно на половината на Шкендија. Сепак, избраниците на Ардијан Нухиу успеаја повремено да се заканат, најмногу преку искусниот капитен Ибраими, иако недостасуваше завршница што ќе донесе израмнување.

Сега пред Шкендија стои реваншот во Баку, закажан за следната седмица, каде ќе се обиде да го надомести минималниот резултат и да остане во трка за пласман во плејофот од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА ги изненади фановите со изборот на судии за полуфиналето на Светското првенство

ФИФА ги именуваше судиите за полуфиналните натпревари на Светското првенство. Големата пре…