
Во првото полувреме од натпреварот меѓу Шкендија и Карабах, гледавме претпазлива и затворена игра со малку возбудувања пред двата гола. Единствениот погодок го постигна азербејџанскиот тим од белата точка, по интервенција на ВАР во 18. минута, кога Бајрамов беше прецизен од пенал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шкендија не успеа посериозно да се закани кон голот на Карабах, освен со неколку обиди кои не претставуваа вистинска опасност. Гостите контролираа дел од ритамот, а домашните фудбалери не најдоа начин како да го пробијат цврстиот блок на противникот.