Дома Фудбал Останато Капитенот Ѓорѓиев се пресели во нов клуб – ќе игра во деветтата различна земја во кариерата!

Капитенот Ѓорѓиев се пресели во нов клуб – ќе игра во деветтата различна земја во кариерата!

Македонскиот одбојкарски капитен, Никола Ѓорѓиев, ќе има нов клуб во наредната сезона – искусниот репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во романскиот прволигаш Рапид Букурешт.

Преселбата во Романија тој ја потврди преку социјалните мрежи, нагласувајќи дека токму ова ќе биде деветтата различна земја во која ќе настапува во богатата интернационална кариера.

„Во мојата 21 интернационална сезона ќе играм за екипата на Рапид Букурешт од Романија. Ќе биде ова деветта земја во мојата интернационална кариера и едвај чекам да ги запознаам моите нови соиграчи, тренери, фанови и заедно да се бориме да освоиме трофеи за овој прекрасен клуб. Нека биде  Бог со нас“, напиша Ѓорѓиев.

Досега, освен во татковината и сега во Романија, Ѓорѓиев има играно и во Србија, Италија, Турција, Јапонија, Полска, Германија и Словенија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Морничав случај во Загреб: Пронајдени човечки остатоци, се сомнева дека припаѓаат на поранешен ММА борец

Загрепската полиција истражува случај откако при работи на простор на една фирма беа прона…