Дома Фудбал Сон нема послаба – статистиката во Премиер лигата му е неверојатна!

Сон нема послаба – статистиката во Премиер лигата му е неверојатна!

Хјонг Мин Сон реши да го напушти Тотенхем по десет години, и тоа го означи крајот на една ера за тимот од Северен Лондон.

Кореецот многу години беше еден од најистакнатите играчи на Спарс, достигна и капитенска лента, и на 454 натпревари во сите натпреварувања постигна вкупно 173 гола.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од тие 173 гола, 127 беа постигнати во Премиер лигата, а неверојатната статистика покажува дека 74 ги постигнал со десната, а 49 со левата нога.

Сон е еден од малкутемина фудбалери во светот кои вешто играат со двете нозе. Четири гола даде со глава, а 19 пати ја погоди мрежата од позиција надвор од шеснаесетникот.

Само четири гола даде од пенал. Сепак, неговата голгетерска статистика минатата сезона беше најслаба од првата година во дресот на Тотенхем. Само седум пати се запиша како стрелец во ПЛ, и само во дебитантската сезона 2015-2016 имаше едноцифрен број голови (4).

Најуспешната сезона за него беше 2021-2022, со вкупно 23 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стрелецот на еден од најубавите голови во историјата на Премиер лигата потпиша за својот 16. клуб во кариерата (Видео)

Поранешниот долготраен репрезентативец на Англија, Андрос Таунсенд, ја продолжува својата …