Дома Фудбал За ова момче речиси никој не слушнал, а Ливерпул го продава 20 милиони евра

За ова момче речиси никој не слушнал, а Ливерпул го продава 20 милиони евра

Во текот на приказните за потенцијалниот трансфер на Александер Исак во Ливерпул, шампионот на Премиер лигата продолжува да блеска на трансфер пазарот.

И покрај големата сума на пари што излегла од клубот, Ливерпул се уште генерира сосема доволно за да продолжи да функционира на полето на трансферите без тешкотии. Брилијантни потези на спортскиот директор Ричард Хју и неговиот претпоставен Мајкл Едвардс се редат еден по еден. Се чека заминувањето на Дарвин Нуњез за да се комплетира преодниот рок, а во меѓувреме се случи продажба која само потврдува за какви маѓионичари станува збор.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ливерпул договори трансфер на младиот плејмејкер Тајлер Мортон во Лион за 19.500.000 евра со бонуси. Станува збор за момче кое има 22 години и уште една сезона договор со клубот. Притоа, одигра само две натпревари во Премиер лигата. 

Јирген Клоп го користеше во минатото во ФА купот и Лига купот, има три натпревари во Лигата на шампионите и не беше реално да добие каква било минутажа во првиот тим. Затоа, скоро 20.000.000 фунти за момче за кое чуле само најфанатичните навивачи на Ливерпул – поезија од работа.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исак се враќа во Њукасл – се помири со судбината?

Фудбалерот на Њукасл, Александер Исак, се враќа во Англија каде што ќе продолжи со тренинз…