Дома Фудбал Влаховиќ пристигна во Јувентус за 83.5 милиони евра, а сега можно е да замине за помалку од 20 милиони

Влаховиќ пристигна во Јувентус за 83.5 милиони евра, а сега можно е да замине за помалку од 20 милиони

Јувентус и Милан започнаа преговори околу трансферот на Душан Влаховиќ, а српскиот напаѓач ја изразил желбата да премине на Сан Сиро. Според првичните информации, договорот би можел да се постигне за износ од 15 милиони евра плус дополнителни бонуси и сè би требало да биде решено до крајот на август.

Сите страни сакаат да избегнат комплицирање на ситуацијата и да го решат трансферот пред крајот на преодниот рок. Иако првите контакти беа воспоставени уште на почетокот на јуни, вчерашната средба беше значаен напредок во договорите затоа што клубовите за првпат конкретно ги разгледуваа условите на трансферот.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Според италијанските медиуми, во моментот за Влаховиќ нема други официјални понуди, а неговата желба да се приклучи на Милан, каде што неодамна потпиша и Лука Модриќ, е главниот двигател на преговорите. Иако од Јувентус порачаа дека Влаховиќ ќе замине само под нивни услови, очигледно е дека и за клубот од Торино е важно да се најде решение пред крајот на преодниот рок за да се избегнат можни компликации.

Решението може да се најде во отштета помеѓу 10 и 20 милиони евра, на која би се додале и лесно остварливи бонуси, а важно е да се договорат и платата на Влаховиќ. Јувентус наводно е спремен да учествува во исплатата на дел од износот за да се олесни предвременото раскинување. Српскиот напаѓач е еден од најплатените играчи во Серија А, а според постоечкиот договор, неговата плата дополнително се зголемува во последната година од договорот. Во новата сезона треба да игра за 12 милиони евра.

Влаховиќ за Јувентус постигна 58 голови и асистираше 14 пати во 145 натпревари. Во Јувентус пристигна за 83.5 милиони евра од Фиорентина во јануари 2022 година. Според „Трансфермаркт“, вреди 35 милиони евра.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За ова момче речиси никој не слушнал, а Ливерпул го продава 20 милиони евра

Во текот на приказните за потенцијалниот трансфер на Александер Исак во Ливерпул, шампионо…