Дома Фудбал Реал ја одреди цената за Родриго

Реал ја одреди цената за Родриго

Популарната шпанска подкаст програма Cope објави дека Родриго ќе може да го напушти Реал Мадрид само ако бидат исполнети две услови: играчот мора јасно да покаже дека сака да замине, а клубот кој го сака мора да понуди најмалку 100 милиони евра.

Бразилецот има договор со Реал Мадрид до 2028 година и клубот го смета за важен дел од проектот, но е свесен дека доаѓањето на Килијан Мбапе би можело да влијае на неговата позиција во тимот.

Иако во моментов не покажува намера да си замине, интерес за Родриго постои од неколку страни, вклучувајќи клубови од Премиер лигата.

Медиумите најчесто ги спомнуваа Арсенал и Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвездата на Наполи успешно оперирана – враќање на теренот за две недели

Фудбалерот на Наполи, Скот Мектомини, успешно беше опериран откако денес беше извршена хир…