Дома Фудбал Лозана не е пресилна: Вардар вечерва оди по трето коло квалификациите за Конференциската лига!

Лозана не е пресилна: Вардар вечерва оди по трето коло квалификациите за Конференциската лига!

Екипата на Вардар вечерва (20:15 часот) го игра реваншот против швајцарската Лозана во рамките од второто квалификациско коло во Конференциската лига. „Црвено-црните“ патуваат со предност од 2-1 стекната на првиот меч одигран во Скопје, но свесни се дека ништо не е готово.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лозана важеше за фаворит во двомечот, но избраниците на Гоце Седлоски покажаa цврст карактер и квалитет на теренот. Мато и Омерагиќ беа стрелците за скопскиот тим и го обезбедија позитивниот резултат пред реваншот.

Тренерот Седлоски со доза на претпазливост ја најави вечерашната средба.

„Одигравме само едно прво полувреме од овој двомеч. Далеку дека било што е готово. Ние одиме утре да покажеме што можеме и колку можеме. Вардар ќе тргне максимално ангажирано, одговорно и прагматично. Ќе се обидеме максимално да сме фокусирани, и да ги искористиме шансите“, изјави Седлоски.

Неизвесен останува настапот на капитенот Горан Закариќ, кој се повреди на дуелот со Ла Фиорита и го пропушти првиот меч против Лозана. Тој отпатува со тимот во Швајцарија, но одлуката за негов настап ќе се донесе непосредно пред натпреварот.

Проблеми со составот има и домашниот тим, Лозана ќе биде без услугите на дефанзивецот Енцо Кана-Бијик, кој се здоби со повреда на првиот натпревар во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Летово ќе видиме преседан: Вакво нешто никогаш не се случило на Светско првенство!

За првпат во својата историја, Канада се пласираше во нокаут-фазата на Светското првенство…