Дома Фудбал Ѓекереш ја даде првата изјава како фудбалер на Арсенал и ги воодушеви навивачите

Ѓекереш ја даде првата изјава како фудбалер на Арсенал и ги воодушеви навивачите

Навивачите на Арсенал се возбудени. Конечно добија сериозно решение за позицијата класичен центарфор во ликот на Виктор Ѓекереш. Шведскиот голгетер истакнува дека, иако ова лето беше многу баран, за него постоеше само една дестинација – Лондон.

Ова лето, Ѓекереш пристигна од Спортинг во трансфер кој би можел да достигне и до 75 милиони евра. Интересирање постоеше, но јасно беше дека Арсенал е најголемиот фаворит за неговиот потпис.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Многу клубови беа заинтересирани, но јас само сакав да дојдам во Арсенал. Ова е најдобриот клуб за мене. Трансферот не беше лесен. Некои луѓе постојано зборуваа во медиумите, мислејќи дека го заштитуваат клубот,“ изјави Ѓекереш.

Ѓекереш има искуство од фудбалот во Англија, но не се снајде најдобро на Островот. Сепак, во последните две години целосно блесна во Спортинг, постигнувајќи 97 голови на 102 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона избегна голем неуспех против Бриж, Манчестер Сити го растури Дортмунд

Манчестер Сити не остави никакви шанси на Борусија Дортмунд и триумфираше со 4:1 на „Етиха…