Дома Фудбал Арнаутовиќ по дебито за Црвена Звезда испрати моќна порака до навивачите (Фото)

Арнаутовиќ по дебито за Црвена Звезда испрати моќна порака до навивачите (Фото)

Искусниот австриски репрезентативец со српски корени, Марко Арнаутовиќ, го имаше своето деби во дресот на Црвена звезда на натпреварот против Линколн. Тренерот му даде шанса да влезе во игра во 73. минута, што предизвика воодушевување кај публиката на „Маракана“.

Иако не успеа да се запише меѓу стрелците, Арнаутовиќ остави позитивен впечаток со својата енергија и ангажираност на теренот. Неговото присуство беше поздравено со аплаузи од навивачите, кои покажаа дека го прифаќаат како нов миленик на трибините.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По натпреварот, Арнаутовиќ се огласи на социјалните мрежи со искрена порака до фановите.

„Овој ден ќе ми остане засекогаш во сеќавањето. Ви благодарам, Делије, за фантастичната поддршка. Ова е само почеток – продолжуваме напред!“, напиша новото засилување на Ц. Звезда.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ван Дајк испрати порака до навивачите: „Не сакам свирежи од трибините, ни треба поддршка, не притисок“

Вирџил ван Дајк не го криеше разочарувањето по новиот кикс на Ливерпул. Нерешениот исход п…