Дома Фудбал Нов проблем за Барселона: Фудбалерот кој Флик го отпиша не сака да замине

Нов проблем за Барселона: Фудбалерот кој Флик го отпиша не сака да замине

Веќе неколку години, раководството на Барселона се справува со предизвиците на финансискиот фер-плеј на сите можни начини, а сега се соочува со нови, неочекувани проблеми.

Дополнителни главоболки им создава 29-годишниот дански централен дефанзивец Андреас Кристенсен, кој не сака да си замине од клубот. Неговото заминување би донело многу потребни финансиски ресурси и простор во “salary cap”-от за плати на новите фудбалери.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Но, Кристенсен, кој има договор до крајот на сезоната 2025/26, категорично одби да го напушти клубот, дури и ако тоа значи да ја помине целата сезона на трибините.

Данецот минатата сезона успеа да одигра само шест натпревари поради повреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ла Лига го одби барањето на Реал Мадрид, Перез е ептен разочаран

Реал Мадрид испрати барање до Ла Лига, но доби одбивање кое ги разочара Кралевите. Реал Ма…