
Луис Дијаз од денеска е официјално нов играч на Баерн Минхен и преку неговиот официјален Инстаграм профил се прости со својот поранешен клуб – Ливерпул.
По три и пол години поминати со дресот на Ливерпул, Луис Дијаз денеска ја заврши својата авантура на „Енфилд“.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Колумбиецот е од денеска формално нов играч на Баерн Минхен, со кој потпиша договор кој трае четири години, до летото 2029 година.
Клубот од Баварија за услугите на 28-годишниот играч издвои околу 75 милиони евра, и тој ќе биде значително засилување за актуелниот шампион на Германија.
Со потврдата на овој трансфер, Дијаз избра да се збогува на емотивен начин со Ливерпул преку неговиот Инстаграм профил.
“Три и пол години кои засекогаш ќе ги чувам во моето срце. Со сите соништа на овој свет дојдов, а си одам горд на сè што успеавме заедно.
Запознав неверојатни луѓе, одлични колеги, тренери кои ми дадоа голема поддршка и исклучителни навивачи. Ливерпул е навистина посебен клуб и сите ве чувам во моето срце. Овој циклус завршува овде, но исклучително е да се осврнам и да сфатам колку бевме среќни.
Не само за трофеите што ги освоивме, туку и за заедништвото и пријателството што овозможи сè тоа. Имааше подеми и падови, што е и природно, но секогаш постоеше искреност. Онака како што треба да биде во едно семејство. Прекрасно е да се оди со чувство дека должноста е исполнета и, што е најважно, да се оди како шампион. Простувањето би била совршено ако не загубевме еден наш шампион.
Како што веќе кажав, сите ве чувам во срцето, но еден најпосебно: Диого. Никогаш нема да го заборавам. Никогаш нема да го заборавиме. Ви благодарам за сè”, стои во објавата.