Дома Фудбал Рекордна потрошувачка на Пеп Гвардиола. Никој му не е ни блиску

Рекордна потрошувачка на Пеп Гвардиола. Никој му не е ни блиску

МАНЧЕСТЕР СИТИ го потврди враќањето на голманот Џејмс Трафорд, кој доаѓа од Барнли во трансфер кој претставува британски рекорд за играч на оваа позиција. Овој 22-годишник се враќа на Етихад, стадионот каде што го започна своето фудбалско патешествие, во зделка вредна 36 милиони евра. Сумата може да порасне поради бонуси. Со оваа акција, Пеп Гвардиола стана првиот тренер кој за ангажман на играчи потрошил две милијарди евра.

Со овој трансфер, Пеп Гвардиола стана првиот фудбалски тренер во историјата чии вкупни трошоци за засилувања надминале неверојатни две милијарди евра, пишува Дејли Мејл. Пред доаѓањето на Трафорд, оваа сума беше 1.99 милијарди евра, а границата ја премина благодарение на летните засилувања како Рејндерс (околу 53 милиони евра) и Рајан Черки (околу 39 милиони евра).

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Оваа бројка го опфаќа целиот негов тренерски пат, од Барселона во 2008, преку Баерн Минхен до Манчестер Сити.

Тренери со најголема потрошувачка на нови играчи:

Пеп Гвардиола – повеќе од 2 милијарди евра
Диего Симеоне – 1.31 милијарда евра
Масимилијано Алегри – 1.2 милијарди
Томас Тухел – 1.19 милијарди
Антонио Конте – 1.16 милијарди евра…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Емери го пронајде идеалниот напаѓач, но дали 55.000.000 евра ќе бидат доволни?

Астон Вила официјално побара информации за можен трансфер на робусниот шпански напаѓач Сам…