Дома Фудбал Реал во Премиер лигата пронајде клуб за Родриго, но Бразилецот сака да оди во поголем!

Реал во Премиер лигата пронајде клуб за Родриго, но Бразилецот сака да оди во поголем!

Напаѓачот на Реал Мадрид има цврсто ставено до знаење дека не го интересира понудата од Лондон, иако од Тотенхем се покажале интерес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилскиот фудбалер би можел ова лето да го напушти „кралскиот клуб“, со оглед на тоа дека се зголемуваат шпекулациите за негово заминување од „Сантијаго Бернабеу“. Се чини дека и самиот тој не е против идејата да ја промени средина и да добие поважна улога во нов тим, но јасно ставил до знаење какви се неговите стандарди.

Актуелниот победник на Лига Европа сакаше да ја искористи шансата и да го засили тимот со значајно ново име пред враќањето во Лигата на шампионите по долгогодишно отсуство, но набрзо се покажа дека оваа намера нема да се оствари.

Шпанскиот инсајдер Санти Ауна ја информираше јавноста дека „петлите“ се интересирале за цената на фудбалерот, но набргу се освежија со реалноста. Желбата на Рориго е да настапува за „клуб поголем од Тотенхем“.

Родриго пристигна во „кралскиот клуб“ од својот роден крај во 2019 година, по трансфер вреден 45 милиони евра. Оттогаш, во 270 натпревари, постигна 68 голови и асистираше 51 пат. Освои две титули Лигата на шампионите и три титули во шпанското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос на улиците во БиХ по ремито со Канада: Се судрија Хрвати и Босанци – фрлаа факли (Видео)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина го отвори Светското првенство со нерешен резултат …