Дома Фудбал Ѓоковиќ заборави на тенисот и замина на грчки остров (Фото)

Ѓоковиќ заборави на тенисот и замина на грчки остров (Фото)

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, продолжува да ужива во летниот одмор, а по престојот во Црна Гора и Хрватска, најново бил забележан на популарниот грчки остров Миконос. Таму, Ѓоковиќ одлучи да се релаксира и да наполни батерии по напорниот настап на Вимблдон, каде што стигна до полуфиналето.

По елиминацијата во Лондон, Ѓоковиќ не настапи на мастерсот во Торонто и се одлучи за подолга пауза од натпреварувања. Засега не е потврдено дали ќе се врати на терените пред Ју-Ес Опен, но се шпекулира дека би можел да се појави на турнирот во Синсинати.

Фановите со нетрпение очекуваат информација за неговото враќање, а во меѓувреме, Ѓоковиќ ги користи деновите далеку од тениските терени за да се одмори.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Канада подготвена за предизвикот против САД, вели Марш

По победата над Перу, Џеси Марш верува дека Канада може да се носи со секој противник, вкл…