Дома Фудбал Ништо од Бенфика – Жоао Феликс најде нов клуб и ги изненади сите

Ништо од Бенфика – Жоао Феликс најде нов клуб и ги изненади сите

Жоао Феликс беше едно време еден од најголемите потенцијали во европскиот фудбал, но неговата кариера низ последните неколку години тргна по надолна линија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Минатата сезона ја помина во Милано како позајмен играч на Челзи, сезона со која никако не може да се пофали.

Ова лето многу се зборуваше за негово враќање во родниот Португалија и Бенфика каде што ја започнал кариерата, но изгледа ништо нема да биде од тоа.

Имено, во целата таа приказна се вмеша Ал Наср кој понуди повеќе пари и „ќе го украде“ 25-годишникот од Бенфика.

Преговорите се веќе во напредна фаза, конечното спогодување ќе биде постигнато во рок од наредните 24-48 часа, а Португалецот веќе кажа „да“ на саудискиот клуб.

Жоао Феликс така ќе стане уште еден млад играч во низата кој ќе оди во клуб од Блискиот Исток и кој може да заборави на играње сериозен фудбал.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…