Дома Фудбал Бекам го купи „телохранителот“ на Меси за 15 милиони евра (Фото)

Бекам го купи „телохранителот“ на Меси за 15 милиони евра (Фото)

Интер Мајами официјално го претстави аргентинскиот репрезентативец Родриго Де Пол кој пристигна од Атлетико Мадрид. Врзниот фудбалер прво дојде на позајмица, а трансферот ќе стане траен во 2026 година. Ко-сопственикот на Мајами, Дејвид Бекам, изјави дека е возбуден што го доведува играчот којшто години наназад многу го цени.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Родриго е играч кого со години многу го почитувам“, рече Бекам во соопштение. „Како лидер, многу придонесе за секоја екипа за која играше – особено за репрезентацијата на Аргентина. Носи искуство, страст и квалитет во нашата екипа и нашиот град. Возбуден сум што можам да посакам добредојде на уште еден светски првак, не само во Интер Мајами, туку и во МЛС“.

Трансферот прв го најави Атлетико Мадрид, кој на социјалните мрежи објави збогување од својот врзник неколку часа пред Мајами официјално да го потврди доаѓањето. Де Паул (31) во Атлетико пристигна од италијанскиот Удинезе и таму мина четири сезони. За тимот на Диего Симеоне запиша 187 натпревари, постигна 14 голови и додаде 26 асистенции.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бенфика откри колку Реал треба да плати за Мурињо

Бенфика официјално го потврди заминувањето на Жозе Мурињо од тренерската позиција на порту…