Дома Фудбал Новинарот сакаше да го принуди Рашфорд да го критикува Јунајтед, но тој покажа дека е господин

Новинарот сакаше да го принуди Рашфорд да го критикува Јунајтед, но тој покажа дека е господин

Барселона ја финализираше позајмицата на Рашфорд од Манчестер Јунајтед и англискиот напаѓач беше официјално претставен како ново засилување за каталонскиот клуб пред неколку дена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рашфорд веднаш се приклучи на подготовките на Барселона за новата сезона и се најде на списокот на играчите на кои смета Ханси Флик во пријателскиот натпревар против Висел Кобе.

На официјалното претставување, Рашфорд изјави колку е среќен што има можност да игра во дресот на Барселона и дека ќе направи сè што е можно за да ги оправда очекувањата и да ги убеди челниците на клубот да го откупат неговиот договор.

Едно од прашањата кои му беа поставени на Рашфорд се однесуваше и на неговиот статус во Манчестер Јунајтед, каде беше неочекувано отфрлен.

Сепак, иако е јасно дека на Олд Трафорд не доби сосема фер третман во изминатиот период, Рашфорд покажа дека е голем господин со она што го кажа за Манчестер Јунајтед.

Иако новинарот се обиде да извлече од Рашфорд некој „пикантан“ одговор, на крајот не успеа во тоа.

„Клубот се наоѓа во транзиционен период и тоа трае веќе некое време. Немам ништо лошо да кажам за Манчестер Јунајтед. Тој клуб е важен дел не само од мојата кариера, туку и од мојот живот“, рече Рашфорд.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еквадор оствари голем успех против Германија и ја помина групата

Еквадор ја победи Германија со 2:1 во натпревар од последното коло во групата „Е“ и се пла…