Изминатата ноќ Леброн Џејмс ја одигра својата 1.072 натпревар во регуларниот дел од сезоната, исто колку што одигра и најдобриот на сите времиња, Мајкл Џордан.
„Кралот“ уште во тинејџерските денови истакнуваше дека му се воодушевува на Џордан и сето она што тој го направи, токму и затоа го избра дресот со број 23, а сега дојде време да ги споредиме бројките на двата големи шампиони и според многумина двајцата најголеми кошаркари во историјата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Да започнеме со односот во победите, Мајкл има скор од 715-356, додека Леброн 707-366.
Момчето од Акрон пред две ноќи стана најмладиот играч кој стигнал до бројката од 29.000 поени (сега има 29.105), но тоа не беше доволна да биде пред Џордан кој во кариерата постигна 32.292.
Кога се асистенциите во прашање односот е 7.561 наспроти 5.633 на страна на „кралот“.
Меѓутоа она што треба да се истакне е дека во денешно време во најсилната лига во светот се додава многу повеќе и полесно отколку што тоа беше случај неколку децении порано.
Од друга страна Џордан е подобар кога во прашање се блокадите 893-830 и украдените топки 2.514-1.765.
Леброн има нешто подобар процент на шутот од игра (50.2%-49.7%), додека таа предност од линијата за слободни фрлања е на страната на Мајкл (83.5%-74%)
За крај бројките кои скоро и да се еднакви процентите кога во прашање е нивната корисност за тимот изнесуваат 27.9 наспроти 27.7 во корист на живата легенда на Чикаго Булс што е најголем процент од кој било друг кошаркар кој некогаш настапувал во НБА.
Сепак она што најмногу ги интересира љубителите на кошарката и нешто кое се смета за многу по релевантно е бројот на титулите и учинокот во оние најважните, плеј-оф натпреварите.
Иако Леброн одигра повеќе натпревари во доигрувањето (217-179), Мајкл и понатаму е неприкосновен по бројот на титули бидејќи славеше во сите шест финалиња на некои настапи и сите шест пати ја доби наградата за МВП, додека Џејмс во осум финалиња оствари три триумфи и пет порази, а наградата за најкорисен играч ја доби три пати.