Дома Фудбал Во Манчестер сити се случи тоа поради кое Гвардиола се закани дека ќе замине

Во Манчестер сити се случи тоа поради кое Гвардиола се закани дека ќе замине

„На Пеп Гвардиола не му треба посебно објаснување дека осум играчи не можат да заземат три позиции, но менаџерот на Манчестер Сити треба да се соочи со таква математика додека го составува средниот ред за претстојната сезона. По трошењето на 130 милиони фунти на засилувања, гужвата во соблекувалната станала огромна”, пишува Manchester Evening News.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Со доаѓањето на Нико Гонсалес, Тијани Рајндерс и Рајан Черки, средината на теренот на Етихад стана преоптоварена, дури и кога се земаат предвид заминувањето на Кевин Де Брујне и очекуваната продажба на Џејмс Мактие. Познато е дека Гвардиола најмногу мрази да изоставува играчи од тимот, но изгледа дека следната сезона ќе треба да носи потешки одлуки од кога било во неговите девет години во клубот”, се додава во текстот.

Да потсетиме, Гвардиола уште во мај изјави:

„Му кажав на управниот одбор дека не сакам тим со многу играчи. Не сакам во него да има пет-шест играчи кои не ми се потребни. Ако не ми направат помал состав, ќе поднесам оставка, нема да останам во клубот. Не можам повеќе да оставам некои играчи на трибини кои нема да играат.”

Фото: Грок Аи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аргентинците го објавија писмото добиено од Инфантино, иако е пракса тоа да не се прави

Фудбалската федерација на Аргентина реши јавно да го објави писмото од претседателот на ФИ…