Дома Фудбал Се јави се човекот поради кого Модриќ повеќе не ја носи „десетката“ на дресот

Се јави се човекот поради кого Модриќ повеќе не ја носи „десетката“ на дресот

Лука Модриќ стана нов фудбалер на Милан, а ќе им се приклучи на соиграчите на почетокот на август. По многу години остана без бројот “десетка”, барем кога станува збор за клупскиот фудбал.

Бројот десет стана заштитен знак на Лука Модриќ. Како на клупско така и на репрезентативно ниво, најдобрите партии ги покажа токму со овој број на грбот.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Во Хрватска ја наследи „десетката” по заминувањето на Ника Ковач во пензија, додека во Реал тој број му го даде соблекувалната по предлог на Зинедин Зидан.

Со премин во Милан, Модриќ се враќа на почетоците на својата кариера, барем кога станува збор за бројот на грбот бидејќи под неговото презиме ќе стои бројот 14.

“Десетката” на Росонерите е резервирана за Рафаел Леау, португалската ѕвезда која сега го коментираше доаѓањето на Модриќ.

„Ќе ни донесе искуство и квалитет. Тоа многу ќе му помогне на тимот. Среќен сум, тоа беше одлична инвестиција на клубот, многу важен играч и очекувам големи работи од него”, рече Леау.

Инаку, Модриќ веќе ја коментираше одлуката за бројот 14 во Милан и зошто во новиот клуб не ја презеде “десетката” по која стана препознатлив.

„Ми се допаѓа овој број. Знам дека во Милан бројот 10 го носи одличен играч како Леау. Тој е сегашноста и иднината на Милан. Бидејќи бројот 10 не беше достапен, морав да изберам друг.”

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразил „гореше“: Винисиус приреди дводневен роденденски спектакл (Фото)

Рио де Жанеиро две ноќи беше посебен ‘Вини свет’. Ѕвездата на Реал Мадрид, Вин…