Дома Фудбал Еве зошто Ѓокерес го одби Јунајтед и го избра Арсенал

Еве зошто Ѓокерес го одби Јунајтед и го избра Арсенал

Се чинеше како завршена работа, но трансферот на Виктор Ѓокерес во Манчестер Јунајтед неочекувано се изјалови. Според најновите извештаи од Португалија, шведскиот напаѓач се откажа од преминот во Олд Трафорд, а причината не е парите ниту спортските амбиции, туку односот на новиот тренер Рубен Аморим кон еден играч.

Иднината на Ѓокерес е една од водечките приказни на летниот трансфер период, и по овој развој на настаните, Арсенал се чини како главен фаворит за неговиот потпис. Ѓокерес и Аморим изградија одличен однос во Спортинг, каде што шведскиот напаѓач под негово водство стана еден од најуспешните стрелци во Европа.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Затоа се веруваше дека Аморим по секоја цена ќе сака да го донесе во Јунајтед како нова “деветка”. Меѓутоа, и покрај успешната соработка, Ѓокерес не беше задоволен од начинот на кој неговиот поранешен тренер се однесуваше со неговиот сонародник и колега од репрезентацијата, Виктор Линделоф.

Португалскиот лист Record известува дека Ѓокерес бил потресен од третманот на Аморим кон Линделоф. Шведскиот дефанзивец, кој е во клубот од 2017 година, летово го напушти Олд Трафорд како слободен играч. По доаѓањата на Де Лихт и Јоро, Линделоф падна во сенка, а проблемите со повредите дополнително му го отежнаа враќањето во тимот.

Иако Линделоф наводно сакал да остане, нов договор не му беше понуден, бидејќи Аморим не го гледал во неговите планови. Таквиот исход го разлути нивниот заеднички агент, Хасан Четинкаја, кој му помогнал на Аморим да го донесе Ѓокерес во Спортинг и покрај интересот од многубројните премиерлигашки клубови.

Иако односот кон Линделоф беше капката што ја прели чашата, постоеја и други причини за одлуката на Ѓокерес. Неучеството во Лигата на шампиони, неизвесната финансиска ситуација во клубот, како и фактот дека Јунајтед минатата сезона заврши на разочарувачкото 15. место, дополнително го одвратија од идејата за трансфер во Манчестер.

Ѓокерес и Линделоф заедно одиграа 16 натпревари за шведската репрезентација, на кои запишаа седум победи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус официјално го потврди трансферот на Консеисао

Јувентус официјално го потврди трајниот трансфер на португалскиот репрезентативец Франсиск…