
Од јули 2023 година, Карим Бензема игра за саудискиот клуб Ал-Итихад. Таму пристигна откако освои речиси сѐ што можеше да се освои во европскиот клупски фудбал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Врвот на неговата кариера се случи во 2022 година, кога ја освои Златната топка.
Потоа, можеби за некое време исчезна од радарот. Во 62 натпревари во сите натпреварувања постигна 38 голови и имаше 17 асистенции.
Неодамна привлекува внимание благодарение на фотографиите што неговиот клуб ги објави на социјалните мрежи. Некои навивачи сметаат дека Бензема изгледа многу лошо.
“Боже мој, што му направиле?”, “Што му се случило?”, “Изгледа 10 години постаро”, “Како да не му е повеќе до ништо” – ова се само некои од коментарите на изненадените навивачи.
