
Напаѓачот на Јувентус и српскиот репрезентативец – Душан Влаховиќ, е во центарот на вниманието на италијанската, но и светската јавност, кога станува збор за неговата иднина, односно каде ќе ја продолжи кариерата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Познато е дека Јувентус сака да се ослободи од него, не е тајна дека се работи на ангажирање на неговата замена, но прашање е што ќе се случи со Влаховиќ, кој влегува во последната година од договорот со торинскиот клуб.
Додека некои го поврзуваат со Жозе Мурињо, бидејќи искусниот португалски стратег го сака во своите редови, “La Stampa” пишува за средбата на Дамиен Комоли и Дарко Ристиќ, преставникот на нашиот напаѓач. одредена е и сумата од 20 милиони евра.
Метата на Јувентус се Расмус Хојлунд и Дарвин Нуњез, но Данецот во моментот е поблиску до клубот, бидејќи торинскиот црно-бел дрес сакаат да го облече уште кога доаѓаше во Манчестер јунајтед.
Фото: Принтскрин