Дома Фудбал Јунајтед пронајде купувач за Санчо

Јунајтед пронајде купувач за Санчо

Џејдон Санчо не отпатува во Шведска каде што Манчестер Јунајтед играше пријателски натпревар со Лидс, причината е што Рубен Аморим веќе не смета на него.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените ѓаволи“ одлучија да се разделат со поранешниот играч на Борусија Дортмунд. Санчо минатата сезона беше на позајмица во Челси, меѓутоа, ниту на „Стадион Стемфорд Бриџ“ не беа задоволни од неговите игри.

По многу напори, Јунајтед сепак пронајде купувач за Санчо.

Во прашање е Јувентус. Италијанскиот клуб е подготвен да плати 25 милиони евра за крилниот напаѓач, но нема веднаш сè да се исплати одеднаш, делот ќе оди преку бонуси.

„Старата дама“ најпрво испраќаше понуди од 15, па од 17 милиони евра, Јунајтед ги одби сите. Очигледно Јувентус многу го сакаше Санчо, па одлучи значително да ја зголеми понудата и да стигне до договор со англискиот великан.

Санчо прифати да премине во Јувентус, остануваат само завршните детали околу потпишувањето на договорот и Санчо веќе кон крајот на оваа недела може да стане нов играч на италијанскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал во Бразил: Претседателот на Фудбалскиот сојуз со државни пари на Мундијал ги однел сопругата и љубовницата

По драмата со повредата на Нејмар, која бразилската суперѕвезда ја донесе на подготовките …