
Срамежливо се најавуваше цело лето, но од денес е сосема јасно – Милан тргна по Душан Влаховиќ и ќе направи сè за да го доведе во своите редови од големиот ривал Јувентус.
На српскиот напаѓач на крајот од сезоната му истекува договорот со „Старата дама“, и тој и клубот сакаат трансфер сега, а новиот-стар тренер на Милан Масимилијано Алегри, под кого Влаховиќ во Јувентус играше својот најдобар фудбал, знае дека му е потребен Душан за да го врати “росонерите” на врвот на Серија А и издал наредба да се оди по него.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
„Газета дело Спорт” пишува дека Милан подготвил понуда за која верува дека ќе биде доволна за Влаховиќ да потпише, иако условите не се ни блиску до оние кои Србин ги има во Јувентус.
Милан му нуди на Влаховиќ 6.000.000 евра по сезона, што е двојно помала годишна плата од сумата која би ја заработил во претстојната сезона како член на Јувентус.
Но, тука се и бонусите кои се врзани за голови и освојување на титулата, како и дополнително зголемување доколку Милан се пласира во Лигата на шампионите.
Влаховиќ со одбивање на „мега-понудата” од Ал Хилал покажа дека парите не му се приоритет и дека сака да игра во голем европски клуб, а каде поубаво од Милан?
Затоа се чини дека овој трансфер е повеќе од реален.
Јувентус од друга страна бара обесштетување од 19.500.000 евра, Милан ќе проба да ја намали таа сума, бидејќи се работи за играч во последната година од договорот, но желбата е тука и Влаховиќ е никогаш поблиску до Сан Сиро, дури и ако остане оваа бројка.
Фото: Grok AI