Дома Фудбал Се подготвува нова „кражба“ – во главна улога се Манчестер сити и Гвардиола

Се подготвува нова „кражба“ – во главна улога се Манчестер сити и Гвардиола

Пеп Гвардиола до сега ова лето покажа дека е подготвен за бројни промени во играчкиот кадар на Манчестер Сити за наредната сезона.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Манчестер Сити е подготвен да се бори со Тотенхем за врвниот играч на Нотингем Форест, Морган Гибс-Вајт.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Сопственикот на Форест, Евангелос Маринакис, ги обвини челниците на Тотенхем дека нелегално стапиле во контакт со нивниот фудбалер.

И покрај тоа што моментално тренира со Нотингем, јасно е дека Гибс-Вајт одлучил кариерата да ја продолжи во некој поголем клуб по две многу добри сезони во сегашниот тим.

Маринакис размислува за продажба, но како што стојат работите, сопственикот на Нотингем би го продал играчот во Манчестер Сити, отколку во Тотенхем.

Челниците на Тотенхем веќе најдоа замена доколку не го доведат Гибс-Вајт, а тоа е младиот Џејмс МъкАти.

Пеп Гвардиола веќе долго му се восхитува на игрите на Гибс-Вајт и ќе се обиде да го доведе на Етихад како замена за Џек Грилиш кој не го даде она што се очекуваше.

Фото: Grok Ai

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дејан Блажевски се врати по две години и покажа класа: Двапати стрелаше, а еден беше еврогол! (Видео)

Поранешниот фудбалер на Вардар, Дејан Блажевски повторно блесна на зелениот терен во дресо…