Дома Останати Тенис Бекер: Ѓоковиќ нема да се откаже од 25. гренслем-титула, но времето го гази

Бекер: Ѓоковиќ нема да се откаже од 25. гренслем-титула, но времето го гази

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер зборуваше за шансите на Новак Ѓоковиќ за освојување на 25-та Грен слем титула.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Истакна дека нема да му биде воопшто лесно, што можеше да се види на Ролан Гарос, но и на Вимблдон.

„Сега тоа е големо прашање, бидејќи за да освои Грен слем, веројатно ќе мора да ги победи двајцата (Алкараз и Синер). Така беше на Вимблдон, а он кажа дека Вимблдон е турнир на кој има најголеми шанси. Потсетуваме, седум пати го освојувал. Сега дојде до полуфинале, 14-ти пат. Апсурдно, луда бројка”, рече Бекер.

Новак во полуфиналето на Вимблдон лесно загуби од Синер.

„Новак беше релативно подготвен против Синер. Синер беше подобар играч, за мене тој е Ѓоковиќ 2.0. Втора верзија на Ѓоковиќ, 15 години помлада. Новак тоа го знае”, вели Германецот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка објави фотографии во провокативен костим и ги воодушеви фановите (Фото)

Најдобрата тенисерка на светот, Арјна Сабаленка, објави фотографии од снимањето за списани…