Дома Фудбал Останато Спектакл во најава: Моќен шеик договара борба каква што не видел светот досега

Спектакл во најава: Моќен шеик договара борба каква што не видел светот досега

Моќниот саудиски шеик Турки Алалших почна преговори за борбата Џејк Пол – Ентони Џошуа. Американецот се согласи на мечот против британскиот нокаутер и наскоро би можеле да бидеме сведоци на невидена борба.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Турки Алалших и Саудиска Арабија целосно го презедоа светот на боксот. Одвојуваат огромни суми, ги договараат најдобрите, а овој пат шеикот одлучи да оди чекор понатаму.

Џејк Пол за него претставува енигма. Американецот покажа завидни вештини во боксот, победи некои познати имиња и на контроверзен начин беше поразен од Томи Фјури.

Подготвен е 28-годишниот Јутубер да влезе во рингот со сите. Јасно го покажа тоа кажувајќи ‘да’ на Турки за меч против поранешниот светски првак во тешка категорија Ентони Џошуа.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џастин Гејчи го шокираше целиот свет и му го промени личниот опис на Топурија (Видео)

Џастин Гејчи го изненади целиот свет. Во брутална борба, една од најголемите досега, која …