Дома Фудбал Арсенал по грешка објави кој фудбалер го потпишале

Арсенал по грешка објави кој фудбалер го потпишале

Неверојатен гаф се случи на официјалните страници на Арсенал. Иако сè уште нема официјална потврда, клубот по грешка, очигледно, откри доаѓање на нов играч – дефанзивецот на Валенсија, Кристијан Москера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, наместо фотографија на новодојдениот Нони Мадуеке, на страницата накратко се појави слика на Москера во тренинг опрема на Арсенал, очигледно направена за време на воведното интервју во клубскиот камп. Иако фотографијата беше брзо отстранета, најбрзите фанови успеаја да ја уловат и распространат на социјалните мрежи, не оставајќи многу простор за сомнеж.

Кој е Кристијан Москера?

Преговорите со 21-годишниот шпански играч успешно се завршија. Москера ги договори личните услови и претходно оваа недела го помина медицинскиот преглед во Лондон. Вредноста на трансферот се проценува на 13 милиони фунти, со можни дополнителни бонуси.

Се работи за играч со разновидни вештини кој може да игра на позицијата централен бек и десен бек, со што ќе ја пополни празнината создадена по заминувањето на Такехиро Томијасу, со кој клубот спогодбено го раскина договорот. Младиот шпански репрезентативец (U-21) за Валенсија има запишано 90 настапи, а минатата сезона беше незаменлив член на првата постава, играјќи по сите 90 минути во 37 од 38 натпревари во Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Веќе почна: Горат дресовите на Алварез во Мадрид (Видео)

Најкраткиот пат од љубов до омраза може да се види во случајот на Хулијан Алварез во Мадри…