
Тренерот на Баер Леверкузен, Ерик тен Хаг, се огласи со пофални зборови за бразилскиот офанзивец Антони, со кого соработуваше во Ајакс и Манчестер јунајтед, но нагласи дека засега нема намера да го донесе во германскиот клуб.
И покрај тоа што Антони минатата сезона одигра солидна втора половина на позајмица во шпанскиот Бетис, каде покажа дека сè уште има што да понуди на високо ниво, Тен Хаг беше дециден дека не размислува за негова ангажираност во тимот на Леверкузен.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
„Тој е фантастичен фудбалер, двапати сум го ангажирал – најпрвин во Ајакс, а потоа и во Манчестер јунајтед. Можам да кажам дека Антони ми е како син, но во моментов немам потреба од него во Леверкузен“, изјави холандскиот стратег.
Фото: Принтскрин