Дома Фудбал Голем пресврт: Лука Јовиќ може да остане во Европа!

Голем пресврт: Лука Јовиќ може да остане во Европа!

Изгледа дека работите се менуваат и дека Лука Јовиќ избира различна насока.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Велјко Пауновиќ го врати Овиедо во Ла Лига по речиси четврт век и еуфоријата е голема, и српскиот тренер сака да го засили тимот со фудбалери кои ги познава.. Тој инсистираше кај директорот Роберто Суарез да го контактираат Јовиќ, а заинтересиран е и за Лука Илиќ и Немања Максимовиќ.

Се чини дека оваа понуда го заинтригирала Јовиќ, кој би добил шанса да биде стандарден играч кај тренер кој го цени. Би можел повторно да игра во Шпанија, каде не доби многу можности со Реал. Покрај тоа, годината е важна бидејќи е Светско првенство, и би му било значајно да остане во силна европска лига.

Сепак, се поставува прашање на финансиите, бидејќи Овиедо не може да понуди како Мексиканците, но ако се работи за парите, веќе ќе беше заминал во Саудиска Арабија. Заинтересиран е и Хетафе, што би значело враќање во Мадрид, но како што спомнавме, проектот на Овиедо изгледа привлечно пред сѐ поради Пауновиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Кристијано Роналдо! Ал-Наср во големи долгови, се подготвува тотален хаос!

Ал-Наср моментално се соочува со голема финансиска криза која сериозно би можела да влијае…