
Интер и Јувентус ќе се сретнат на терен за првпат оваа сезона во Торино средината на септември, но позади сцената водат битки на летниот пазар. Клубовите се заинтересирани за истите играчи, се зборува и за некои трејдови, првата битка му припадна на Јувентус. Тие го доведоа Џонатан Дејвид како слободен играч од Лил, Канаѓанецот ќе го предводи нападот.
Но, тоа е само почеток.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Марота и Комоли ќе бидат вклучени во неколку битки. Јувентус нема пари за Адемола Лукман, иако и Интер сѐ уште не се договори со Аталанта која бара 50 милиони и сака, ако е можно, да го продаде на Атлетико од Мадрид за да избегне да го зајакне Интер.
Ако Лукман замине за Шпанија, Интер ќе се насочи кон Нико Гонзалес, незадоволниот аргентински репрезентативец од Јувентус. Поранешниот играч на Фиорентина има понуди од Саудиска Арабија, но сака да остане на најголемата сцена. Спомнат е и Марсеј, како и Атлетико Мадрид, очигледно дека од судбината на Лукман зависи и што ќе се случи со аргентинскиот напаѓач.
„Бјанконери” би се согласиле на размена Гонзалес – Фратези, но не сме сигурни дали Интер е заинтересиран за вакво нешто. Фратези е мета и на Наполи, е лут што нема поголема минутажа, сега кога Инџаги замина, можеби ќе добие шанса, но некои негови изјави наводно го поттикнаа Интер да размисли за продажба. Марота го победи Јуве кога го ангажираше овој играч од средниот ред од Сасуоло пред неколку сезони.
Значи, Јувентус го сака Фратези, но кој играч од Јувентус го сака Интер во своите редови?
Па, пред сите Душан Влаховиќ. Но, нема ни збор за тоа да го купат, наводно би се вклучиле следната зима, кога Душан, ако остане во Торино, би можел да преговара со заинтересираните клубови и да избере без притисок нова средина.
Фото: Принтскрин