Дома Фудбал Ренџерс ќе ја брка титулата во Шкотска со – Миовски и Варди!?

Ренџерс ќе ја брка титулата во Шкотска со – Миовски и Варди!?

Глазгов Ренџерс се чини дека се чекор поблиску до ангажман на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, надминувајќи ја конкуренцијата од големиот ривал Селтик во битката за неговиот потпис.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По незадоволителната епизода со шпанската Жирона, Миовски е сѐ поблиску до враќање во Шкотска – земја каде веќе остави силен впечаток со настапите за Абердин и каде публиката добро знае за неговиот напаѓачки потенцијал.

Иако Селтик со месеци беше споменуван како главен кандидат за неговиот трансфер, шкотските медиуми сега јавуваат дека Ренџерс ја презеле иницијативата и се наоѓаат во завршна фаза од преговорите со македонскиот голгетер.

Покрај Миовски, раководството на Ренџерс работи и на сензационален трансфер – ветеранот Џејми Варди, кој по заминувањето од Лестер остана слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси доби зелено светло од новиот тренер

Челси влегува во сосема нова ера откако е донесена конечната одлука за промена на тренерск…