Дома Фудбал Деко на „таен“ состанок – подготвува терен за сензационално враќање на ѕвезда во Барселона!?

Деко на „таен“ состанок – подготвува терен за сензационално враќање на ѕвезда во Барселона!?

Фудбалскиот клуб Барселона би можел во своите редови да го врати – Чави Симонс.

Доверливи каталонски извори открија денес дека спортскиот директор на каталонскиот клуб Деко денес се сретна со агентот на Чави Симонс во еден хотел во Барселона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Деко сакал да ја испита ситуацијата, а за време на состанокот му била соопштена јасната желба на Холанѓанецот да се врати во матичниот клуб.

Интересно, Чави Симонс беше капитен во сите помлади категории на Барселона, но потоа во 2019 година како тинејџер под наговор на Мино Рајола како слободен замина во академијата на Пари Сен Жермен.

Таму никогаш не доби вистинска шанса, па одеше на позајмици во ПСВ и РБ Лајпциг, кој потоа го откупи во јануари оваа година за 50.000.000 евра. 

Сепак, неговото заминување нема да биде едноставна операција, бидејќи РБ Лајпциг очекува обештетување од најмалку 70.000.000 евра, што во моментот е преголем залак за Барселона.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Засега никој од Реал Мадрид не го контактирал Мурињо, тврдат во Шпанија

Во последниве денови, името на Жозе Мурињо повторно стана актуелно како можен тренер на Ре…