Дома Фудбал Челси потроши 200 милиони евра, но не застанува: Мареска може да добие нов голгетер!

Челси потроши 200 милиони евра, но не застанува: Мареска може да добие нов голгетер!

За четворица офанзивци, Гитенс, Делап, Естевао Вилијан и Жоао Педро, Челзи летово издвои речиси 200 милиони евра. Но, тоа не е крај, затоа што тие бараат уште еден напаѓач. Планот на Мареска е да го продаде Николас Џексон и да доведе уште еден играч во нападот.

Првата цел е одличниот Морган Роџерс, кој минатата сезона за Вила постигна 14 гола и имаше 15 асистенции. Во Мидленд пристигна од Боро пред една година за околу 15 милиони, но сега вреди многу повеќе.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Роџерс своевремено играше со Делап и Палмер во академијата на Сити, како и во младата репрезентација, би бил идеално засилување, но е тешко да се верува дека Емери ќе се откаже од него.

Не е јасно ниту каде би можел Џексон да заврши, цената на Сенегалецот е висока, иако во 2025 постигна само четири гола, и во последните пет меча доби два црвени картона.

Целта на Мареска наводно е да нападне на сите трофеи следната сезона, да се ослободи од неколку играчи со кои не е задоволен, не толку поради квалитет, колку поради менталниот став. Така, се претпоставува дека Мадуеке е пред заминување во Арсенал, Нкунку исто така би можел да се отиде, а се зборува и дека некои други играчи од останатите линии, како на пример Мало Густо, би можеле да бидат продадени.

Ќе видиме, навистина звучи неверојатно да се доведе уште еден офанзивец во оваа ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го засили голманското место со младинскиот репрезентативец на Италија

Освојувачот на Лигата на Шампионите, Пари Сен Жермен, го објави ангажманот преку слободен …