
Нема договор, Јувентус и Влаховиќ се на спротивни страни, Србинoт не отстапува од планот да остане без продолжување на договорот во клубот, освен ако не му исплатат 10 милиони отштета (по пет за него и за агентот) и му дадат слободни раце.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од друга страна, „Старата дама“ го одбива тоа, тие бараат 25 милиони евра за Србинoт кој следната година треба да добие 12 милиони според договорот. За Јуве, тоа е бруто повеќе од 20. Не сметаат на Влаховиќ, пристигна Канаѓанецот Дејвид, разговараат за останувањето на Муани.
Но, српскиот фудбалер ги одби понудите од Турција и Саудиска Арабија, му нема на памет да игра во послаби лиги, иако од овие најсилни нема понуди. Милан е заинтересиран, Алегри го сака, но малку е веројатно дека „Росонерите“ ќе платат отштета, особено не 25 милиони.
Влаховиќ може да смета на половина од договорот што го има сега, ако замине во Милан. И со шест милиони би бил најплатениот играч на „Ѓаволот“, над тоа сѐ би биле бонуси врзани за учинок. Тој таков договор го одби од Јувентус и тоа е главниот камен на сопнување.
Фото: Принтскрин