Дома Фудбал Исцо: “Некои тренери едноставно не те вреднуваат”

Исцо: “Некои тренери едноставно не те вреднуваат”

Во интервју за France Football, играчот на Реал Бетис, Иско Аларкон, повторно се осврна на своето заминување од Реал Мадрид во 2022 година, кога тимот го водеше Карло Анчелоти.

Неговите зборови не беа контроверзни, туку повеќе ги одразуваат личните искуства што ги имаше во тоа време:

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


“Во спортот е нормално некои тренери да те почитуваат повеќе од останатите. По некое време, работите стануваат покомплицирани. Кога си не во добра ментална состојба, тоа влијае на твојата игра. Јас минував низ тежок период, и на спортски и на личен план. Не знаев како да се извадам од таа ситуација, и признавам дека јас сум одговорен за неуспехот”, изјави тој.

Во продолжение, Иско раскажа како се подготвува за натпревари на своите 33 години:

“Никогаш не се подготвувам специфично за натпревари; не сум од оние што ги проучуваат противниците однапред. Кога сум на теренот, ги анализирам ситуациите. Го барам најдоброто место за игра и изигрување на одбраната на противникот. Според она што го гледам, ја прилагодувам својата позиција.

Мојата цел е да го извлечам број 6 од шеснаесетникот. Кога ќе забележам дека се приближува премногу, се оддалечувам за да отворам простор. Ако противникот ме следи, тогаш моите соиграчи добиваат повеќе простор. Тоа е интуиција и прилагодување. Исто важи и за дриблингот. Дејствувам според инстинктот. Мојот ум знае што бара играта.”

Иско, поранешен шпански репрезентативец со 39 настапи и 12 гола, ја оживеа својата кариера откако го напушти Мадрид. Прво замина во Севиља, а од летото 2023 година е во Бетис, со кого играше финале на Конференциската лига и загуби од Челси.

Во дресот на Реал одигра 353 натпревари и во девет години освои 19 трофеи, вклучувајќи и Лигата на шампионите. Оваа година постигна гол за Бетис против Реал и интересно го прослави, по што се изјасни:

“Се извинувам на навивачите на Реал Мадрид што го прославив голот. Многу сум им благодарен на Реал, тој клуб секогаш ќе биде во моето срце”, порача тој.

Иско пристигна во Реал во јули 2013 година од Малага за трансфер вреден 30 милиони евра. Неговиот последен натпревар за Реал Мадрид беше финалето на Лигата на шампионите во 2022 година, по кое го напушти клубот што не му го продолжи договорот.

“Кога бев во Малага и знаев дека морам да одам, не беше лесно, но Реал Мадрид повикуваше и не можеш да одбиеш иако секогаш постојат исклучоци. Во тој клуб ги остварив своите соништа и сега завршува мојата етапа. Освоив повеќе титули отколку што можев да замислам и играв со најдобрите играчи.

Уживав и никој не може да ми го одземе тоа. Ќе ги паметам сите добри нешта, се надевам дека ќе ги паметите и вие”, беа неговите зборови со кои се прости од Реал, во чии дрес постигна 53 гола и подели 58 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го засили голманското место со младинскиот репрезентативец на Италија

Освојувачот на Лигата на Шампионите, Пари Сен Жермен, го објави ангажманот преку слободен …