Дома Фудбал Рашфорд пред заминување, Барселона не е во игра: Друг гигант може да го доведе!

Рашфорд пред заминување, Барселона не е во игра: Друг гигант може да го доведе!

Маркус Рашфорд е на излезна врата од Манчестер Јунајтед. Тимот од Олд Трафорд планира да го продаде ова лето, а додека Барселона вага, уште еден европски гигант покажа интерес за неговиот потпис.

Маркус Рашфорд повеќе не е во плановите на Манчестер Јунајтед, кои му го одзедоа дресот со број 10, кој потоа беше понуден на Матеус Кунја.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Црвените ѓаволи наводно решиле да го пустат англискиот репрезентативец за компензација од околу 50 милиони евра.

Меѓутоа, Барселона, клубот каде Рашфорд сака да оди, не би сакалe да ја плати оваа сума, бидејќи се заинтересирани само за заем за целата сезона.

Додека управата на Барселона не носи конечна одлука, уште еден европски гигант, Јувентус, е заинтересиран за Маркус Рашфорд, известува новинарот Џанлука Ди Марцио.

Останува да се види дали Јувентус ќе може да ја покрие платата од 18 милиони евра што Рашфорд ја заработува во Манчестер Јунајтед, или играчот ќе одлучи да ги намали своите барања, на што веќе бил подготвен во случај на трансфер во Барселона.

Во 426 натпревари за Манчестер Јунајтед, левиот крилен играч постигна 138 голови и имаше 77 асистенции.

Минатата полусезона ја помина на заем во Астон Вила, а договорот со Јунајтед му трае до летото 2028 година.

Јувентус исто така е заинтересиран за уште еден играч на ѓаволите, Џејдон Санчо, чиј трансфер е во завршна фаза.

Останува да видиме што ќе се случи, но изгледа дека крајот на Маркус Рашфорд во Манчестер Јунајтед е многу близу и веројатно ќе се случи ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова е таткото на анонимус и тврди дека го побарал Реал Мадрид: Горд сум на него

Неочекувано засилување би можело да пристигне во Реал Мадрид. Младиот боливиски фудбалер М…