Дома Фудбал Драма во Италија: Тренерот на Аталанта заврши во болница

Драма во Италија: Тренерот на Аталанта заврши во болница

Новиот тренер на Аталанта, Иван Јуриќ, се соочи со непријатен почеток на својот ангажман во Бергамо. На тренинг кампот кој се одржуваше во Зингонија, 27 играчи кои пристигнаа, го немаа својот нов шеф на теренот.

Причината беше што Јуриќ мораше да биде примен на одделението за оториноларингологија во болницата Болоњини во Серијате поради „силна воспаление на горните дишни патишта, комплицирана со бактериска инфекција на епиглотисот“, како што се наведува во соопштението на клубот.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Тренерот е под терапија со интравенски антибиотици, а неговата здравствена состојба не е загрижувачка, туку видливо се подобрува. Се очекува Јуриќ да биде отпуштен од болница во наредните неколку дена и да се врати на своите обврски.

Да потсетиме, Јуриќ потпиша договор на две години со Аталанта, откако претходно водеше Саутемптон само 107 дена. Во Италија, тој ги водеше екипите на Мантова, Кротоне, Џенова, Верона, Торино и Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола ги предупреди фудбалерите: На кого ќе му се случи тоа нема да игра!

По минатогодишната сезона, која беше најслабата за Пеп Гвардиола од кога тој е на кормилот…