Дома Фудбал Ништо од Арсенал: Агентот го понуди Шешко на друг англиски гигант

Ништо од Арсенал: Агентот го понуди Шешко на друг англиски гигант

Летниот преоден рок во Англија е во полн ек, а на Островот како и секогаш е интересно во врска со трансферите.

Една од лигите каде што секогаш е најинтересно да се следат трансфер приказните е англиската Премиер лига.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Англиските клубови имаат силна куповна моќ, мнозина ја сметаат нивната лига за најсилна во светот, па така е привлечна за поголемиот дел од играчите.

Еден од клубовите кој летово ќе биде активен на трансфер пазарот е лондонскиот Арсенал.

Топчиите веќе подолго време се во потрага по нов напаѓач, а најмногу се споменуваа имињата на Виктор Гиокереш и Бенџамин Шешко.

По сагата која траеше доста долго време, Гиокереш веќе договори се со Арсенал и наскоро ќе стане нивен нов играч.

Со тоа, тоа значи дека се откажале од талентираниот напаѓач на РБ Лајпциг – Бенџамин Шешко.

Сепак, интересот за Словенецот не е помал, дури ниту во самата англиска Премиер лига.

Како што пишуваат англиските медиуми, агентот на Бенџамин Шешко го понудил својот клиент на англискиот гигант и ривал на Арсенал – Ливерпул.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…