Дома Фудбал Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работи со него по заедничкиот престој во Јувентус.

„Росонерите“ продолжуваат да работат на потенцијалниот трансфер, и покрај постојните пречки.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Договорот на србинот со Јувентус истекува во јуни 2026 година и обновувањето изгледа малку веројатно. Тоа е причината „бјанконерите“ да бараат начин да се разделат со Влаховиќ. Можно е тој да го напушти Торино за релативно пристапна сума од 20 милиони евра.

Високата плата на напаѓачот (12 милиони евра годишно) би претставувала сериозен трошок за Милан. Сепак, по првиот контакт помеѓу Влаховиќ и Алегри на 7 јуни, нивната врска останала стабилна и имало понатамошни разговори.

Во крајна линија, токму Алегри инсистираше за привлекувањето на српскиот напаѓач во Јувентус, кога тој уште играше за Фиорентина. Иако претстои долг пат и многу пречки, „росонерите“ остануваат оптимисти за реализацијата на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Девојка фати фудбалер со друга и објави снимка. Дали го бркаат од репрезентацијата?

Камерунската фудбалска ѕвезда Николас Маоуми Нгамалеу се наоѓа во центарот на скандал. Нап…